Македонија

Сиљановска-Давкова како шокантен го оцени предлогот СВП да ја загуби институционалната независност

Освен што е шокантен, предлогот Струшките вечери на поезијата да станат дел од друга институција, за претседателката е некултурен однос

 

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Струга порача дека е шокантен предлогот на Министерството за култура, со кој Струшките вечери на поезијата (СВП) од самостојна национална установа треба да се сведат на сектор во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

 

По средбата со раководството на СВП, таа истакна дека фестивалот 65 години претставува синоним за светска промоција и не смее да се третира како административно прашање.

 

,,Навистина е шокантно, за мене е ова некултурен однос. Јас очекував оваа славна институција, овој славен феномен, да биде поткрепен во понатамошниот развој – финансиски, со дигитализација, со простор, со нови проекти, затоа што е препознатлив ширум светот. И вие сега, наместо да го поткрепите и поддржите, зашто тоа го заслужува, да го сведете на дел од бирократијата, на дел од организацијата, мислам дека е длабоко неразбирање на улогата, на меморијата, на успесите, на она што е сторено. Страшно е. Да дојде тоа од некоја институција што не разбира што е култура, ама да дојде од Министерството за култура – за мене е навистина целосно неразбирливо”, изјави претседателката.

 

Таа додаде дека СВП има посебна улога и во евроинтеграциските процеси, потсетувајќи и на долгогодишното партнерство со УНЕСКО за наградата „Мостови на Струга“.

 

,,Но, убедена сум дека во оваа Влада покрај премиерот седат луѓе кои ваков предлог нема да прифатат, затоа што знаат што е култура, што е национална култура, знаат што значат зад нас 65 години културна меморија, што значи врвни поети да велат дека ваков однос кон културата е инспиративен и треба да се поддржува”, нагласи Сиљановска-Давкова.

 

Директорот на НУ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш, изрази задоволство од поддршката на претседателката и посочи дека предлогот на претходниот министер Зоран Љутков не поминал на владина комисија.

 

,,Станува збор за предлог што, за среќа, не помина на комисиска расправа, меѓутоа го чувствуваме како сериозен удар – и на нашата институција, меѓутоа е удар што рефлектира и многу пошироко. Особено во овој момент кога се соочуваме со низа непријатности во поглед на оспорувањето на идентитетот, културата, јазикот итн”, истакна Кукунеш.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top