Македонија

Сиљановска-Давкова: Мора да ги помниме и вреднуваме жртвите од 2001

Да ги помниме и да не ги оставиме нивните семејства сами да тагуваат за македонските херои, порачува претседателката

На денот на трагичното погибие на десетте припадници на АРМ кај Љуботенски Бачила во близина на Скопје претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порачува дека Македонија мора да ги помни и вреднува жртвите од 2001 а роднините на загинатите да не бидат сами во тагата.

,,10 август 2001 година ќе остане запишан како трагичен ден за осумте припадници на резервниот состав на Армијата, кои загинаа при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, извршувајќи ја должноста што им ја доверија надлежните државни институции.

Денеска, повторно го оживуваме споменот за нив, изразувајќи им длабоко сочувство на нивните семејства и соборци и споделувајќи ја тагата со нив.

Посакувам никогаш да не се повтори 2001 година и секогаш да посегаме по мирни решенија на меѓунационалните прашања и проблеми, согласно меѓународното и националното право.

Не можеме да ја избришеме 2001 година, како година на конфликт, но мора да ги помниме и вреднуваме жртвите во неа. Не смееме да ги оставиме сами нивните семејства со ненадоместливата загуба.

Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски се вградија во македонската историја како бранители на суверенитетот на државата.

Вечна им слава”, објави претседателката Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top