Македонија

Сиљановска-Давкова: Во време на премрежија Мајката Божја нѐ вдахновува и нѐ храбри да истраеме на патот на доброто, заедништвото и солидарноста

По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до сите православни христијански верници и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и Македонски и на Јустинијана Прва Стефан.

– Денот на Успението на Пресвета Богородица е потсетник за вознесението нејзино со дух и тело и нејзиното застапништвото пред Божјиот престол, за нејзината духовна сила, пожртвуваност, истрајност, доследност, за нејзината исконска мајчинска љубов, се наведува во честитката.

-Во време обременето со искушенија и премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто,  градењето на заедништвото, грижата и солидарноста во заедницата, чувајќи и негувајќи го мирот во неа. Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица. За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица, стои во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

ЦУК: Огнената стихија запре

  Заклучно со 7:30 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 20 пожари на отворени површини, информираат од Центарот за управување со кризи. Според информации, нема активни пожари, ниту пожари кои се под контрола, додека сите 20 се изгаснати. Пожари се регистрирани во повеќе општини меѓу кои Желино, Велес, Кичова, Македонски Брод, Сопишти, Врапчишти, Ранковци, […]

To top