Македонија

Сиљановска Давкова: Фемицидот е последица на континуирано насилство кое не било превенирано или санкционирано

Борбата против фемицидот мора да започне дома, во градинка и во основното образование

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обратила на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

 

,,Истакнав дека и покрај бројните конвенции, закони, стратегии и проекти, рапидно расте родово-базираното насилство и бројот на убиените жени само затоа што биле жени.

 

За мене, фемицидот е последица на насилство коешто се случувало во континуитет, а не било превенирано или санкционирано.

 

 

Борбата против фемицидот мора да започне дома, во градинка и во основното образование, да продолжи со правни акти и институционални механизми, вклучувајќи ги и јавно-обвинителските и судските”, порачала Претседателката според која ако фемицидот е системски предизвикан проблем, тогаш и неговото решавање мора да биде системско.

Најнови вести од: Македонија

Историски ден за психијатриската наука во Македонија – промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија

Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание

To top