Македонија

Силјановска-Давкова: Меѓународната заедница верува во нашата земја

Изборот во значајното тело на ОН, (ЕКОСОК) ја одразува довербата на меѓународната заедница во конструктивната улога на нашата држава, нејзината посветеност на мултилатерализмот и нејзината способност суштински да придонесува кон решавањето на глобалните економски и социјални предизвици

 

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го пофали изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како важен дипломатски успех и силен доказ за довербата што меѓународната заедница ја има во земјата.

Во објава на социјалните мрежи, Силјановска-Давкова нагласи дека овој резултат е плод на активна, принципиелна и конзистентна надворешна политика, како и на долгогодишни дипломатски напори за обезбедување меѓународна поддршка.

„Македонската држава постигна значаен дипломатски успех со изборот за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (EКОСОК).

Овој успех е резултат на повеќеслојна, принципиелна и активна надворешна политика што се води со доследност, решителност и визија.
Особено ме радува што нашите долгогодишни дипломатски напори и активности за обезбедување поддршка вродија со плод, како и фактот дека бројните странски пријатели и соговорници со кои имав можност да се сретнам во различни прилики ги исполнија своите дадени ветувања.
Во период кога воспоставениот меѓународен поредок минува низ длабоки промени, а глобалната сцена е обележана со неизвесности и сè покомплексни предизвици, изборот во едно толку важно тело на Обединетите нации има особено значење.
Овој резултат ја одразува довербата на меѓународната заедница во конструктивната улога на нашата држава, нејзината посветеност на мултилатерализмот и нејзината способност суштински да придонесува кон решавањето на глобалните економски и социјални предизвици.
Како членка на EКОСОК, ќе продолжиме да ги промовираме дијалогот, соработката, одржливиот развој и инклузивниот просперитет, работејќи заедно со сите партнери во насока на зајакнување на ефикасноста и кредибилитетот на мултилатералниот систем.
Овој избор уште еднаш потврди дека нашата држава е почитуван, доверлив и влијателен чинител на меѓународната сцена и го докажа сè поголемото признание што го ужива нашата принципиелна и проактивна дипломатија.
Наместо бесмислени и непринципиелни надворешнополитички авантури, како и досега, ќе продолжам да водам хумана надворешна политика која во своето средиште ги става човечкото достоинство и интересите на нашата држава, а истовремено се залага за почитување на правата на македонското малцинство, согласно меѓународните и европските акти.

Најнови вести од: Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

Народна банка со мерки за заштита на имотот на „Алта Банка“ и интересите на штедачите

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

До Брвеница и по неа

А СДСМ? Во првиот круг во Брвеница нивниот канидат заврши како четврти, по што објавија победа! Падна Александар Вучиќ во Србија, тие повторно прогласија победа. Претходно и во Унгарија исто така беа победници. Сега чекаме да видиме дали ќе прогласат победа и на изборите во САД? Секаде победуваат. Иако, во Македонија никако не сакаат да има избори

To top