Македонија

Сиљановска Давкова се обрати пред живата совест на уставната демократија

Како претседателка на држава којашто во сложениот процес на демократска транзиција и консолидација добила помош од Венецијанската Комисија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати пред живата совест на уставната демократија на свеченото одбележување на 35-годишнината од основањето на Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа.

,,За мене, одбележувањето на 35-годишнината, не е само свечен чин, туку мое враќање дома, како професорка по уставно право, поранешна членка на комисијата и како претседателка на држава којашто во сложениот процес на демократска транзиција и консолидација добила помош од Венецијанската Комисија.

Благодарам за укажаната доверба и самата да учествувам во обликувањето на демократските приказни на земјите од Централна и Источна Европа”, порачува Сиљановска Давкова од Венеција.

За неа независноста, експертизата и човечноста во работата ја прават комисијата уникатно тело, коешто не е само збир на правни умови, туку и жива совест на уставната демократија.

,,Најсилната страна на Комисијата била и е способноста да гради мостови меѓу истокот и западот, северот и југот, меѓу теоријата и праксата, меѓу правото и самиот живот”, изјавила Сиљановска пред Венецијанската комисија.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top