Македонија

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставна основа

Не мислам дека треба да има предвремени избори вели претседателката

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека е добро лидерите на партиите понекогаш да се сретнат отколку да разговараат со посредници. Оценува дека по неодамнешната лидерска средба сите „биле релаксирани и уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар“, но оти таму требало да биде и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Време според неа лидерите да седнат и да креираат решенија за Изборниот законик, но не на крајот на мандатот, туку на почетокот и не само за изборната единица.

Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Сител се осврна на темите од лидерската средба и оцени дека техничката влада што функционира пред изборите во државава за која се разговараше на лидерската средба е препартиска и нема уставен основ. Смета дека не е добро сега да има предвремени парламентарни избори бидејќи, посочува, имаме многу сериозни проблеми почнати за извршување и оти е добро да се завршат некои од нив.

– Како професорка како и многу други мои колеги би рекла дека лидерските средби ги јакнат лидерите, но ги слабеат институциите, но во поделено општество како што е нашето и во рамки на консоцијативната демократија што ја вградивме не само во праксата туку и во Уставот добро е понекогаш да се сретнат. Многу подобро одошто да разговараат со посредници, амбиентот е поинаков, луѓето се однесуваат поинаку. И тогаш кога се надвор од очите на јавноста успеваат да бидат поприродни. Резулатот го видовме, сите беа релаксирани уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар. Мислам дека недостигаше и требаше таму да биде лидерот на опозицијата Венко Филипче, рече Сиљановска Давкова.

Неучеството на Филипче претседателката го гледа „како негова грешка“ затоа што, посочи, „доби покана“.

– Подобро е да седнете со некого, да чуете, подобро е да ги чуете и другите па да дадете изјава, наведе претседателката.

Прашана за став дали е за укинување на техничката Влада рече дека „имаме препартиска изборна влада во која седат најоданите партиски луѓе, која и покрај тоа што функционира нема уставен основ“.

– Да, постојат технички влади, тие се формираат или во амбиент на кризи, пред избори, редовно се или експертски, составени од професрори, на чело на Владата е екперт или бирократи. Нашата влада се вика техничка, но нема ништо техничко во неа. Техничкото секогаш се врзува за стручност и комптенетност а никогаш не за партиска припадност. Ние имаме препартиска изборна влада, морам да кажам дека и покрај тоа што функционира нема уставен основ. Во Уставот во делот за влада нема да најдете никаде дека има преодна или техничка влада. Кога реков препартиска мислев на структурата, обично внатре седат најоданите партиски луѓе и она што ја прави интересна за проучување и за критика, зборувам во рамките на уставното право и политичкиот систем се некои чудни функции од типот на дополнителни заменици министри, дополнителни министри со некои чудни овластувања да имаат право на вето, рече претседателката.

Според неа, во техничката влада, „чудна надлежност има и Државната изборна комисија кога се работа за спорови врзани со финансиите“, а посочи и дека таа влада временски е ограничена, но оти и покрај тоа се применуваше неколку пати и не дојде на ред на Уставниот суд.

– Мене ми е позната реториката на сите партии, сите па и СДСМ и неговите лидери ги помнам како велеа дека треа да се укине техничката влада, дополни претседателката Сиљановска Давкова.

Таа порача дека е време да се креираат решенија во однос на измените на Изборниот законик за што се разговараше на лидерската средба.

Битна измена во случајов, вели дека, би била околу начинот на трансформирање на добиените гласови во мандати и како ќе ја третирам државата – како една изборна единица или како поделена.

Како што посочи, вредноста на една изборна единица е еднаквоста на гласот, а општите интереси ќе дојдат до израз.

– Опасноста е да не стане центарот, бастионот, тврдината која за се одлучува затоа што сме за една изборна едница. Но, ако има согласност, таа согласност беше дадена уште во 2016 година и потоа беше заборавена. Време е да седнат, уште една причина да седнат заедно и да креираат решенија, не на крајот на мандатот, туку на почетокот на мандатот. Не е само изборната единица, туку се и бројот на потписите што треба да се соберат за да може да има независни листи, тука е финасирањето, рекламирањето, препораките и на ОБСЕ и Венецијанска комисија и мисла дека тоа може да биде добра подготовка з анекои избори, рече Сиљановска Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заложници на криминалот, затоа на седницата за пратенички прашања ниту името на Груби не му го спомнаа

Потпретседателката на СДС пак Јованка Тренчевска, отиде до тој степен што посочи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“, потенцираат во партиското соопштение.

Итно соопштение од МНР: Не патувајте во Израел, контактирајте ја амбасадата за помош

Во врска со најновите информации за влошувањето на безбедносната состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа земја внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

To top