Македонија

Симон Дракул: Македонија е убавина, што боли, таа е бол, на која сме сме ѝ должни!

На денешен ден се навршуваат 27 години од смртта на Симон Дракул, знаменитиот македонски раскажувач, романсиер, драмски автор,историчар, на човекот, кој нѐ потсетуваше во своите дела и филмски сценарија на историските и судбински премрежја, низ кои од искона минувала расчеречена и страдална Македонија, како наша непрестајна болка, на која ќе ѝ бидеме секогаш должни со своите дела да ја штитиме и да се бориме за неа. На своето родно Лазарополе, но и на својата татковина, овој патриот и книжевен и историски деец за вистината за Македонија им го остави записот, кој е и своевидно прозно завештание, оставено на сите нам, секогаш да го исполнуваме својот индивидуален, личен долг кон татковината и македонската кауза: „Утро во Лазарополе! Тоа е Македонија. Тоа е таа убавина,што боли. Тоа е таа бол, на која сме ѝ должни!“

Пишува: Свето Тоевски

Како што се нагласува во една статија на Институтот за македонска литература, првите збирки раскази на Дракул „Планината и далечините“ (1953) и „Витли во поројот“ (1956) се насочуваат на животот на селаните и печалбарите, низ еден современ раскажувачки израз, а едновремено и близок и инспириран од фолклорот, што некои критичари ќе го дефинираат како „облагородено народно творештво“. Својот најдобар роман со наслов „Белата Долина“ Симон Дракул го пишувал од 1951 до 1961 година,посветувајќи му го на својот татко. Првото издание на романот се појавило во 1962 година, во рамки на библиотеката „Современа македонска проза“.

„Македонија меѓу автономијата и дележот“

На 26 ноември 2007 година во Институтот за национална историја беа претставени шестиот и седмиот том од зборникот „Македонија меѓу автономијата и дележот во избор“ со капитална вредност за македонскиот народ во редакција и превод на Симон Дракул. Со овие томови се заокружи овој капитален историографски труд на Дракул со наслов „Македонија меѓу автономијата и дележот“. „Документите во овој зборник се огромна суровинска граѓа за производство на научна вистина за Македонија, или нејзина веродостојна меморија.“ – рече претставувачот академик Гане Тодоровски во таа пригода.

„Документите, кои Симон Дракул ги откри и ние денес и ги претставуваме на македонската јавност, јасно зборуваат дека името Македонец и македонска нација се одговор на сите наши поделби и страдања од овој период. Тоа е име, кое нема никаква врска ниту со Коминтерната, ниту со комунистичка Југославија. Документиве, кои ги претставуваме, се добар одговор на грчко-македонски спор.“- изјави Јован Донев, исто така, претставувач на тој зборник.

Дракул е роден е во Лазорополе на 24 септември 1930 година.  Основното образование го добил во родното село. Во 1948 година доаѓа во Скопје и во Првата машка гимназија матурира. Во 1950 година учителствува во село Ростуше, а потоа се враќа во Скопје каде работи во скопските редакции на весниците Млад Борец и Нова Македонија, дописник е на белградска Политика и вонредно студира на Филолошкиот факултет група македонски јазик. Од 1958 година работел во радио-телевизискиот медиум. Доктор е по историски науки од 1984 година. Симон Дракул бил во издавачкото претпријатие Кочо Рацин, директор на Драмата на МНТ, член на ДПМ (Друштвото на писателите на Македонија) долгогодини ја извршува функцијата секретар, а од 1953 година и негов претседател во еден мандат, генерален секретар на Сојузот на писателите на поранешна СФРЈ, претседател на Струшките вечери на поезијата.Својата плодна работна кариера ја завршува во Институтот за национална историја.

За прв пат во македонската литература се појавува со расказот Туѓоземјанин, напишан на дваесетгодишна возраст, а публикуван во списанието Современост во 1950 година. Автор е на книгите Планините и далечините (раскази, 1953), Витли во поројот (раскази, 1956), И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957), Белата долина (роман, 1962), Буни (триптих: Меч и Исихија два романа, драма, 1980), Распаќа (раскази, 1985), Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988), Или смрт (тетралогија: Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место, роман 1989), Жедна месечина (роман 1997), Апостол војвода (монодрама, 1998). Ги напишал драмите: Немирна рудина, Столбови за небото, Клада, Вампир в село.

Пишува сценарија за повеќе документарни и играни филмови, меѓу кои и за „До победата и по неа“ (воен филм, 1966). За сценариото на овој филм Симон Дракул е награден со Златна арена на тогаш реноминираниот Пулски филмски фестивал. Дракул е автор и на сценариото на „Македонска сага“ (мелодрама филм, 1993). Потписник е на шесте тома документи под заеднички наслов: Руската дипломатска и општествена мисла и Македонија. Во неговата преведувачка работа преовладува интересот за руските класици. Самиот тој како особено значајни ги вбројува преводите од руски јазик на: Војна и мир од Л.Н.Толстој, Разорана целина од М.Шолохов, Бедни луѓе од Ф.Достоевски, Зајдисонце од И.Бабељ, Изгореница од В.Аксјонов и др. Добитник е на наградите Рациново признание за проза и Кирил Пејчиновиќ за превод, кко и на низа други признанија и награди за своето бележито прозно и севкупно творештво, со кое засекогаш ќе зазема високо место во македонската книжевност, но и во колективната национална меморија на македонскиот народ.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Како трет мобилен оператор „Фор-ај-џи (4iG)“ ќе инвестира 100 милиони евра, ќе се намалат цените на услугите!

„Денот во Давос го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако ги упати парите, што се потребни за добивање на лиценцата. Тој ме информираше дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој како трет мобилен оператор. Граѓаните добиваат нова компанија, што ќе нуди мобилни услуги и  којашто, сигурен сум, ќе влијае позитивно за  намалување на цените на услугите кои, што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија.“ – изјави премиерот Хритијан Мицкоски.

Лажни мејлови од Бирото за јавна безбедност за наводни „кривични истраги“ – не отворајте ги!

Во последните денови, МВР регистрира зголемен број пријави од граѓани кои добиле електронски пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, или од Единицата за сајбер безбедност. Во пораките, примачите се предупредуваат дека се предмет на кривични истраги за сериозни злосторства како детска порнографија, педофилија или трговија со дрога и им се наложува да се јават во полициска станица или да испратат повратен имејл во рок од 24 часа.

За ексминистерот за внатрешни работи на Албанија Демирај Вевчанскиот карневал е „марш на српско-македонскиот фашизам“?!

„Срамната парада во Вевчани, кај Струга, овој месец, претставуваше марширање на српско-македонскиот фашизам, бидејќи на улиците во Вевчани се славеа масакрите во Хрватска и Босна и Херцеговина и геноцидот во Косово, извршен од српските четници. Таа парада беше марш на омраза од луѓе без совест, кои ги слават злосторствата против човештвото, крвта на децата, жените и невините цивили во Хрватска, Босна и Косово. Ова не е ‘комеморација’, туку славење на криминалот и варварството.“ – тврди Дритан Демирај од Албанија, во својата скандалозна колумна со наслов „Генералот Демирај: Аркан маршира повторно – српскомакедонскиот фашизам на улица, Албанците во молк“. Дритан Демирај е поранешен високорангиран и повеќекратно одликуван офицер во албанската армија, командант на нејзините специјални единици „Командоси“. Во 2017 гоина бил министер за внатрешни работи на Албанија. Тој е и доктор на науки по меѓународни односи и безбедност.

Македонска делегација запали вечен пламен во , ,Ваш Јадем” и разговараше за високи технологии

Благодарност за спасителите на жртви од Кочани и дебата за високо-технолошки практики за земјоделие и одгледување на земјоделски култури во многу специфични климатски услови

To top