Македонија

Сител ја прогласи за блиска на СДСМ а Јошевска Анастасовска барала правда за сите обвинети за 27 Април

Поради нарушување на темелна вредност на уставниот поредок на Републиката, принципот на дискриминација

Телевизија Сител вечерва во своите вести ја прогласи за блиска на СДСМ а новата членка на Судскиот совет Сузана Јошевска Анастасовска барала амнестија за сите обвинети за 27 Април поради нарушување на темелна вредност на уставниот поредок на Републиката, принципот на дискриминација.

 

Јошевска Анастасовска која денеска со 71 глас од пратениците од сите пратнички групи освен од ДУИ и Левица беше избарана за член на Судскиот совет на предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во 2019 барала правда за сите обвинети за настаните од 27 Април.

Барањето се однесува на принципот на дискриминација на дел од обвинетите за 27 Април.

 

Јошевска Анастасовска од Уставниот суд побарала законот да важи за сите обвинети затоа што дел од законот за амнестија не важело подеднакво за правосилно осудените лица, како и за лицата кои се на издржување казна затвор, затоа што за нив Законот не предвидел ниту задолжително барање, ниту рок во кој тоа треба да се поднесе, а немало рок ниту за институциите коишто тоа би го сториле по службена должност. Единствен рок, согласно ставот 5, како рок кој важи за сите ситуации од ставовите 3 и 4, бидејќи за ситуацијата од ставот 1 бил уреден рокот во ставот 2, бил рокот од 5 дена од денот на приемот на барањето (по службена должност) во кој судот кој ја донел првостепената одлука треба да донесе решение.

Оспорената одредба била во спротивност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот согласно кој владеењето на правото било определено како темелна вредност на уставниот поредок на Републиката.

Уставниот суд тогаш ја одбил претставката на Јошевска Анастасовска и на Светскиот Македонски Конгрес која била со слична содржина и принципи.

 

Дел од одлуката на Уставен суд со кој Јошевска-Анастасовска барала правда за осудените за 27 Април:

УСТАВЕН СУД

НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

У.бр.1/2019 и У.бр.6/2019

22/01/2020

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 2 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република  Македонија“ бр. 202/2019), на седницата одржана на 22 јануари 2020 година, донесе

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за амнестија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 233/2018), во целина.

 

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на членот 2 од Законот означен во точката 1 на ова решение.

 

3. Адвокатот Сузана Јошевска-Анастасовска од Скопје и Светскиот македонски конгрес, до Уставниот суд на Република Македонија поднесоа иницијативи за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за амнестија, во целина и посебно на членот 2 од Законот.

 

– Според адвокатот Сузана Јошевска-Анастасовска од Скопје, како подносител на првата иницијатива (предмет У.бр.1/2019), оспорениот член 2 од Законот бил спротивен на член 8 став 1 алинеја 3, член 9 став 2 и на член 68 став 1 алинеја 18 од Уставот.

 

Според подносителот на иницијативата, оспорениот член 2 од Законот претпоставувал дека за лицата чии кривични постапки се во тек амнестијата важела само доколку истата биде побарана односно доколку лицето поднесе барање. Рокот во кој треба да биде побарана, според концептот на одредбата, бил преклузивен, односно доколку не се поднесе барање во наведениот рок, лицето го губи правото на амнестија.

 

Истото не важело за правосилно осудените лица, како и за лицата кои се на издржување казна затвор, затоа што за нив Законот не предвидел ниту задолжително барање, ниту рок во кој тоа треба да се поднесе, а немало рок ниту за институциите коишто тоа би го сториле по службена должност. Единствен рок, согласно ставот 5, како рок кој важи за сите ситуации од ставовите 3 и 4, бидејќи за ситуацијата од ставот 1 бил уреден рокот во ставот 2, бил рокот од 5 дена од денот на приемот на барањето (по службена должност) во кој судот кој ја донел првостепената одлука треба да донесе решение.

 

Оспорената одредба била во спротивност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот согласно кој владеењето на правото било определено како темелна вредност на уставниот поредок на Републиката.

 

Владеењето на правото меѓу другото, претпоставувало воспоставување на систем на норми коишто се јасни и прецизни и со кои граѓаните ќе можат на недвосмислен начин да ги остварат своите права и да ги извршуваат своите обврски коишто произлегуваат од законите. Истовремено, владеењето на правото значело и јасни одредби за постапување на државните и судските органи, за да се избегне можноста за дискрециони толкувања, нејаснотии во примената и спротивставености со веќе донесени закони. Владеењето на правото значело и дека законите ќе бидат во меѓусебна хармонија, односно не може еден закон да дерогира друг закон или да ја прави неговата примена невозможна.

 

Оспорениот член 2 од Законот бил нејасен, непрецизен, отворал можности за различни толкувања во неговата примена, дерогирал одредби од Законот за кривичната постапка и од Кривичниот законик и бил спротивен на целта на институтот амнестија. Со тоа се нарушувал концептот на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок.

 

Ставањето на обвинетото лице во ситуација да мора да преземе дополнително дејствие за да биде опфатено со амнестија било целосно спротивно на концептот на амнестија, која како акт на милост, се давала независно од волјата на тој кој го опфаќа.

 

Амнестијата како институт, по својата суштина и последици врз кривичниот прогон, била слична на институтот застареност на кривичниот прогон, имунитетот, помилувањето, укинувањето или промената на конкретен закон и сл., па кога ќе настапеле вакви околности, тие се применувале по службена должност, согласно правилото iura novit curia судот требало само да ги констатира независно од волјата на обвинетите и без да мора странките да се повикаат на тие околности.

 

Фактот што се барало од лицата против кои се води постапка самите да побараат амнестија бил во целосна спротивност со концептот на презумпција на невиност. Со ваквото определување, самите обвинети да бараат да бидат амнестирани и тоа во конкретен преклузивен рок, во спротивно го губат правото на амнестија, обвинетите се ставале во позиција самите да се откажат од уставно загарантираното право на фер судење и посредно да признаат дека се виновни. Основано се поставувало прашањето: зошто некој би поднел барање за амнестија ако не се чувствува виновен. Никој, ниту судот, ниту обвинителството, ниту јавноста не можел да ги знае точните интимни причини зошто лице против кое се води постапка би се одлучило да побара амнестија, но последиците од таквото барање оставале впечаток дека тоа лице не сака, одбива, се откажува да докаже во судска постапка дека е невино, па според тоа, истото било виновно, што не би бил случај доколку тој ја добие амнестијата по сила на закон, односно по службена должност.

 

Изборот, ако воопшто можело да се нарече избор, предвиден во оспорениот член од Законот бил спротивен на концептот на давање амнестија, која како политички чин или акт на милост не смеела да го предвиди овој избор.

 

Практичните проблеми и последици од влегувањето во сила на овој закон, доколку остане во сила оспорениот член 2, значеле дека за сите кои не поднеле барање во рокот кој е веќе истечен, немаат право да бидат амнестирани, иако теоретски, со оглед на тоа дека бил јавно достапен податокот дека Обвинителството за организиран криминал и корупција има отворено уште еден предмет којшто бил во предистражна постапка, можело да се јават и други лица кои согласно Законот се опфатени со амнестијата, а нема да можат да бидат амнестирани бидејќи оспорениот член наведувал преклузивен рок од 5 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, во којшто може амнестијата да важи.

 

Со членот 2 од Законот за амнестија се дерогирале низа членови од Законот за кривичната постапка кои ја уредуваат амнестијата. Во сите овие членови, концептот на амнестија бил:

 

– Дека таа се носи со општ акт на Собранието на Републиката;

– Дека тој акт претставува правна пречка за продолжување на кривичното гонење;

– Дека јавниот обвинител и судот внимаваат на овој факт по службена должност и не биле врзани ниту зависни од какво било дејствие на обвинетиот, а уште помалку од барање во определен рок.

 

Имено, согласно членовите 288 и 304 од Законот за кривичната постапка, јавниот обвинител бил должен, по службена должност, да ја отфрли кривичната пријава односно да ја запре истражната постапка доколку делото за кое гони или лицето кое го гони е опфатено со амнестија. Со други зборови, јавниот обвинител не смее да продолжи со постапката и по службена должност мора да ја примени амнестијата.

Целата одлука на Уставен суд на овој ЛИНК

 

Најчитани вести

 

ШОКАНТНО ВИДЕО: Убиецот на жената во Капиштец јавно се фалел дека вози лудо!

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (Samsung) истакнува како отворените екосистеми се клучот до вистинското ветување на “AI“ технологијата во домот на “CES 2026“

Самсунг (Samsung) на “Tech Forums” сесиите на “CES 2026“ собра лидери за интероперабилност на паметни домови на дискусија што ја дефинира индустријата

Разочарувачки е партија предводена од универзитетски професор да користи непримерен дискурс, рече Муцунски за јавните настапи на СДСМ

Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам срам кога читам дел од тие содржини – истакна министерот Муцунски при посетата на организацијата „Македонија 2025“.

(Фото): „Лајка“ ги прибира кучињата од скопски Карпош кои со камион беа донесени од Албанија

Екипи на ЈП „Лајка“ се на терен во Карпош по повеќе пријави од граѓани за појава на поголема глутница кучиња, при што претпријатието најави безбедно и хумано заловување согласно законските процедури. Истовремено, здружението „Анима Мунди“ пласира сомнеж дека дел од кучињата се „непознати“ за локалната улична популација и дека можеби станува збор за организирана дислокација, со наводи за животни со ушни маркици од Албанија.

To top