Македонија

Скопскиот аеродром лидер во регионот со раст од 32%, од Владата очекуваат над 3,5 милиони патници годинава

Вицепремиерот вели дека оваа година се очекува да се надмине бројот од 3,5 милиони патници, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.

Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32% споредбено со истиот период минатата година, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук.

  • „За оваа година од понудените преку 390.000 нови седишта, поради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6.000 седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авиопортал EX-YU Aviaton News. Во првите месеци од годинава, македонските аеродроми бележат раст од 30% по број на патници и околу 20% по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија“, вели Николоски.

Од почетокот на оваа година, додава тој, се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и кон Будимпешта, и од Охрид кон Милано и кон Братислава.

  • „Дополнително, во текот на јули од Охрид ќе почнат да оперираат линиите кон Катовице и кон Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и кон Алгеро, со што, за речиси 2 години од работа на оваа Влада се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии“, соопшти Николоски.

Развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт, додава тој.

  • „Тоа го докажуваме со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, со што дополнително ќе го зголемиме капацитетот за патници и авио операции“, вели Николоски.

Вицепремиерот истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот од 3,5 милиони патници, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.

  • „Во врска со актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено“, додаде тој.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top