Македонија

Случај Онкологија: Со вакви одлуки, судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми, рече Мицкоски

Условна казна за Онкологија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката за онкологија, изјави:

„Па знаете, моите ставови за Обвинителството и Судството се многу пати кажани, многу пати разговарани и секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во процесот на испорака на законите, коишто значат реформи во Судството и Обвинителството, во суштина сакам јавноста да знае дека станува збор за 6 закони каде што основната суштина е зголемување на буџетот од којшто директно ќе имплицира зголемување на платите на обвинителите и судиите коишто имаат рејтинг од 2%, а се бара зголемување на платите за судиите, односно буџетот нивен којшто би бил сега 0,8% од БДП, а за обвинителите 0,5% од БДП и секогаш чувствувам некаква мачнина, бидејќи тие и овие сега плати што ги зимаат не ги заслужуваат, имајќи предвид вакви судски одлики за која што вие сега зборувате.

https://expres.mk/makedonija/doktorkata-meri-peshevska-dobi-uslovna-kazna-za-skandalot-onkologija/

Така што, сакам граѓаните да знаат дека, сите оние експерти, така наречени, кога излегуваат во јавност и кога ја критикуваат Владата за застој во реформите во Обвинителството и Судството, ова е суштинската реформа. Како да се зголеми буџетот на судовите до 0,8% од БДП, а на обвинителите од 0,5% од БДП, што е да речеме 2 до 3 пати повеќе од некои земји членки на Европската Унија. Не е проблем ние ќе ги зголемиме и 3 пати, ама да ги заслужат. Јас имам дилема, дали и овие плати тие ги заслужуваат, коишто сега ги земаат. Така што еве, тоа е на кратко мојот коментар.“

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

To top