Македонија

Со дефиле на маските започнува Вевчанскиот карневал

Маскирани, вевчанци на сатиричен начин ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во светот

Денеска околу 15 часот официјално започнува Вевчанскиот карневал, една од најстарите и најпрепознатливи карневалски манифестации во Македонија и пошироко на Балканот.

Илјадници посетители од земјата и странство се очекува да пристигнат во Вевчани за да бидат дел од оваа автентична прослава исполнета со сатира, хумор и народна традиција.

Сè е подготвено за годинашното издание на Вевчанскиот карневал, кој денес и утреќе се одржува низ улиците на Вевчани, потврди за МИА градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Забавниот дел од манифестацијата започнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадерс“. Традиционално, забавата ќе продолжи и утревечер со фолк-музика, за која годинава се задолжени Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, како и Оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“, а вечерта треба да заврши со настап на Перо Бели и групата „Вип“.

Во рамки на карневалот, кој традиционално се одржува на 13 и 14 јануари, предвидени се бројни културно-забавни настани, концерти и дружења, а кулминацијата ќе биде утре со симболичното палење на карневалската маска и прочистувањето од злите духови.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал, стар околу 15 века, започнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва – Горна и Долна маала.

Неизоставен дел од карневалот се зетот, невестата, двата ѓавола, Глупавиот Август и бројни други маски инспирирани од актуелните политички и општествени случувања.

Секое карневалско издание за вевчанци е посебно доживување. Тие велат дека ќе кажат сè, но до самиот почеток на дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. Изработката на маските, според нив, е сложен и креативен процес кој вклучува рачна работа и оригинални идеи, што ја прави секоја маска уникатна.

Манифестацијата ќе заврши на 14 јануари со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

 

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

To top