Македонија

Советот на јавни обвинители испрати до Владата позитивни мислења за Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристовска, Ненад Савевски и Лидија Раичевиќ

Советот на јавните обвинители ги разгледа пријавите на петте кандидати за нов државен јавен обвинител. Дадено е позитивно мислење за кандидатурите на в.д. државната јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ. Разгледувајќи ја кандидатурата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, Советот на јавните обвинители едногласно одлучи дека тој не го исполнува условот за непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавeн обвинител, или како судиja од областа на кривичното право.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Во согласност со Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите што беа пристигнати во Собранието беа препратени до Владата, која потоа бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Сега Владата е треба да достави до Собранието предлог за еден од кандидатите, кој што што добил позитивно мислење од Советот на јавните обвинители

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top