Македонија

Спикерот Гаши в сабота ќе ги распише локалните избори

Според тоа, првиот круг од трката за градоначалници и советници ќе се одржи на 19 октомври, а вториот изборен круг ќе биде на 2 ноември

Претседателот на Собранието Африм Гаши в сабота, на 9 август, ќе ги распише осмите локални избори по осамостујувањето на Македонија, потврдија за „Слободен печат“ од Собранието.

Првиот круг од трката за градоначалници и советници ќе се одржи на 19 октомври, а вториот изборен круг ќе биде на 2 ноември во општините за коишто во првиот изборен круг нема да бидат избрани градоначалници.

Кампањата за локалните избори ќе почне 20 дена пред изборниот молк, односно на 28 септември.

Во тој период Собранието се очекува да не одржува пленарни и комисиски седници за партиите да не ја злоупотребуваат парламентарната говорница за изборна кампања.

Најнови вести од: Македонија

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Македонија во Абу Даби, наведуваат од Амбасадата

To top