Македонија

СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!

„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.

„Конгресните предлози, кои ги формулира претседателот на ДУИ Али Ахмети, се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата! Ахмети така ја замислува демократијата со вткаен великоалбански шовинизам, кој не се ни обидува да го сокрие!“ – нагласува СПМ во своето соопштение.  

Натаму оваа партија во својата реакција истакнува: Под формата спроведување на Рамковниот договор Ахмети бара примена на принципот на бадинтер да се прошири и за извршната власт при избор на влада и за донесување на одлуките на Уставниот суд. Тој бара да се подреди државата и системот под владеење на ДУИ. Да се минимизира важноста на мнозинството во државата, а да се мајоризира малцинството. Апсурдни неприфатливи барања кои не постојат во ниту еден правен систем.

Дрските и безобѕирни предлози на Ахмети сигурно би ги прифатиле од СДС. Но не и Коалицијата на власт, која не треба да им посвети никакво внимание, сметајќи ги најмалку како несериозни, или повеќе како противзаконски.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top