Македонија

За бивш бугарски амбасадор во Скопје, Бугарите се државотворниот народ на Македонија!

Јорданов бара македонската страна да го почитувала тоа што во химната се споменувале „бугарски“ национални херои

Македонија треба да ги впише Бугарите во својот устав не како малцинство, туку како државотворен народ, е заклучокот од интервјуто на поранешниот бугарски европратеник Александар Јорданов за бугарската редакција на телевизијата Евроњуз.

„Основното е да бидат впишани Бугарите во уставот на таа земја, зошто така е направено кон други националности, а Бугарите се, би рекол, домородното население на Северна Македонија. Тие се државотворниот народ. Нивните предци, претходници, кревале востанија за ослободување на Македонија, тие го кренале Илинденското востание. Обрнете внимание – самата химна на Република Македонија започнува со споменувањето на бугарските национални херои Гоце Делчев, Даме Груев итн. Тоа треба да се почитува од македонска страна“, изјави некогашниот претседател на Народното собрание во Софија и амбасадор во Скопје од 2001 до 2005 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top