
Комисијата за хартии од вредност на седница донесе Решение со кое на “АЛТА БАНКА” АД Белград, Р. Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на “Стопанска банка” АД Битола.
„Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас кои ги поседуваат преземачот и лицата со кој тој дејствува заеднички претставуваат 100% од нејзината основна главнина. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.777 денари по акција“, соопшти Комисијата за хартии од вредност.
Според преземачот, понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции кои претставуваат 70,03% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од ”Стопанска банка“ АД Битола.
„При тоа, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него би поседувале 75% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од “Стопанска банка” АД Битола“, соопшти КХВ.