Македонија

Стефковски: Продолжува проектот „Гази Баба без кал“

Актуелниот градоначалник на општина Гази Баба и кандидат за уште еден мандат најави реконструкција на повеќе од 100 улици

Актуелниот градоначалник на општина Гази Баба и кандидат за уште еден мандат Бобан Стефковски, најави реконструкција на повеќе од 100 улици

„Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици!- објави Стефковски на социјалните мрежи

Ќе ги реконструираме улиците: Лазар Поп Трајков во Автокоманда, Анри Барбис и Карл Хрон во Триангла, Среќко Пужалка и Финска во Ченто, Пехчевска во Хиподром, 2 и 18 во Инџиково, Трајко Китанчев во Ченто, 10 и 3 во Јурумлери“, најави Стефковски.

Тој потсети дека во актуелниот мандат се асфалтирани повеќе од 170 локални улици.

„Проектот ‘Гази Баба без кал’ продолжува!

Во следните 4 години, тој ќе биде целосно завршен. Заедно создаваме чисти, безбедни и проодни улици за сите!“, порача Стефковски.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

To top