Македонија

Сто милиони инвестиција од 4iG влегуваат во Македонија

Разговаравме за пакет од 100 милиони евра инвестиции, освен во телефонијата и во сферата на вештачката интелигенција и енергетиката, информираше премиерот

Во рамки на 62. Минхенска безбедносна конференција, премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со раководството на 4IG.

Како што информира премиерот на социјалните мрежи, se разговаралo за пакет од 100 милиони евра инвестиции во неколку сфери во земјава.

„Во Минхен остварив средба со раководството на 4IG. Разговаравме за пакет од 100 милиони евра инвестиции, освен во телефонијата и во сферата на вештачката интелигенција и енергетиката.

Македонија мора да ја развиваме. Се бориме за секоја шанса за подобра иднина за граѓаните“, сподели Мицкоски на „Фејсбук“.

Најнови вести од: Македонија

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Македонија во Абу Даби, наведуваат од Амбасадата

To top