Македонија

Стоилковиќ – Памер: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Австрија

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Австрија во Македонија.

На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Беа разменети мислења и за темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите од значење за локалниот развој и јакнењето на капацитетите на локалната самоуправа. Во рамки на разговорот беше презентиран и проектот за развој на пожарникарството, при што беше потенцирана важноста од поддршка за неговата имплементација, особено во насока на унапредување на капацитетите на пожарникарските служби во рамките на локалните самоуправи и размена на искуства и добри практики.

Министерот Стоилковиќ ја истакна важноста на поддршката што Австрија континуирано ја дава на европската перспектива на РС Македонија и на земјите од Западен Балкан, оценувајќи дека размената на искуства и добри практики може дополнително да придонесе кон унапредување на работата на локалната самоуправа.

На средбата беше изразена подготвеност за продолжување на отворениот дијалог и за идентификување нови можности за конкретна соработка во интерес на граѓаните и локалните заедници.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top