Македонија

Стојанче Ангелов најави спојување на ЦУК и ДЗС

Новиот в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој вчера е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од денеска стапува на новата функција најави спојување на ЦУК и на ДЗС во една институција. „Заедно со вработените кои ќе покажат амбиција за жестока, напорна и непоколеблива […]

Новиот в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој вчера е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од денеска стапува на новата функција најави спојување на ЦУК и на ДЗС во една институција.

„Заедно со вработените кои ќе покажат амбиција за жестока, напорна и непоколеблива работа, ќе се обидеме да ги надминеме детектираните недостатоци и слабости, со цел брзо ставање на Дирекцијата за заштита и спасување во полна функција. Како директор, ќе можам детално одвнатре да ја разгледам Дирекцијата за заштита и спасување, внимателно да го проучам човечкиот и техничкиот потенцијал и дополнително да ги детектирам многубројните недостатоци и слабости кои ќе бидат целосно отстранети во новата институција која ќе ги обедини функциите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување во една институција, на чие формирање забрзано се работи, како стратешка заложба на Владата за воспоставување на современ и функционален, интегриран систем за управување со кризи и заштита и спасување, кој ќе има соодветни капацитети да одговори на сите предизвици и ризици, целосно усогласен со стандардите на ЕУ и НАТО. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за укажаната доверба, нагласува Ангелов.

ДЗС, се вели во соопштението од Ангелов, подолго време се наоѓа во агонија и покрај недостатокот на пилоти, постојат и проблеми со сервисот на ер-тракторите.

„Во овој момент сѐ уште нема ниту потпишани договори со тимовите за брз одговор, вклучително и со тимовите за гаснење на пожари на отворен простор. Воедно, некои од потенцијалните припадници на овие тимови ја немаат потребната опрема, обука и физичка подготвеност“, посочува тој.

Инспекцискиот надзор на противпожарната заштита, како што информира Ангелов, е во исклучително лоша состојба, недостасуваат сериозен број соодветно образовани и обучени инспектори, но постојат и сомнежи околу исправноста на дозволите кои ги издава Дирекцијата за заштита и спасување.

„ Во моментов во ДЗС работат само неколку специјалисти за ракување со неексплодирани минско-експлозивни средства, додека отстранетите неексплодирани средства се чуваат на несоодветен начин.

Постојат и други недостатоци и слабости за кои во следниот период јавноста дополнително ќе биде информирана. Позитивно е тоа што внатре во Дирекцијата работат и одреден број соодветно образовани, способни и искусни лица, но, за жал, некои од нив не се наоѓаат на вистинските работни места“, вели Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

To top