Македонија

Стојанче Ангелов: Подготвени сме!

„2.000 до 3.000 луѓе ќе го сочинуваат противпожарниот тим на Дирекцијата за заштите и спасување

 

 

Дирекзцијата за заштита и спасување е во готовност поради шумски пожари откако и Владата прогласи 30.дневна кризна состојба (линк во коментар)ц ДЗС во готовност поради шумски пожари откако и Владата прогласи 30.дневна кризна состојба соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Состојбата е алармантна. Бујната вегетација што се суши е предуслов за опасност од пожар, па затоа првиот човек на ДЗС Ангелов, упатува апел до граѓаните за одговорност: „Не фрлајте отпушоци од цигари, дури и кога мислите дека се изгаснати!“.

„Луѓето што носат течности во шишиња, луѓето што носат ракети, пламенофрлачи или големи пиротехнички средства, луѓето што носат гуми од возила во планините или на отворени простори каде што нема возила, веднаш пријавете ги во полиција, противпожарната служба или на бројот 112!“, нагласи Ангелов.

Метеоролошките прогнози, кои предупредуваат на идни температури над 40°C во земјата, дополнително ги мобилизираат противпожарните служби и институции. 40 возачи и оператори со преквалификувани специјални возила БТР-80 и Пинцгауер, ги демонстрираа своите маневрирачки карактеристики и можностите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во гаснењето на шумските пожари ќе бидат вклучени и доброволни пожарникари во координација со професионалци, вели Ангелов.

Само во последните две недели, пожарите што беснеат во Европа и на Балканот уништија речиси 200.000 хектари шума, додека 5 човечки животи се изгубени.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top