Македонија

Стојаноски: Ако треба, ќе работиме по 24 часа за да се расветлат сите 138 жртви

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Анкетната комисија, Бојан Стојаноски, во емисијата „Анализа“ на 24 ТВ порача дека комисијата е целосно подготвена да работи интензивно, па дури и по 24 часа дневно, за да се расветлат сите трагедии со вкупно 138 жртви.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Анкетната комисија, Бојан Стојаноски, во емисијата „Анализа“ на 24 ТВ порача дека комисијата е целосно подготвена да работи интензивно, па дури и по 24 часа дневно, за да се расветлат сите трагедии со вкупно 138 жртви.

„Оваа анкетна комисија е формирана токму за да ги опфати сите случаи и да даде јасни одговори пред граѓаните и пред Собранието. Секое релевантно лице ќе биде сослушано – без исклучок. Ако треба, ќе работиме нон-стоп“, нагласи Стојаноски.

Тој категорично ги отфрли обвинувањата за саботажа или одолговлекување.

„Не бегаме и не криеме ништо. Во нашиот предлог-одлука токму овој случај (модуларната болница во Тетово) го ставивме како прв. Постои јасна процедура според Деловникот и ние ќе ја почитуваме до буква, но тоа не значи дека ќе дозволиме одолговлекување. Овој случај ќе има апсолутен приоритет“, рече Стојаноски.

Комисијата има рок од 45 дена за сослушувања, по што следуваат уште 30 дена за изготвување на конечниот извештај, кој потоа ќе биде доставен до Собранието и до надлежните институции.

„Кога има волја, 45 дена се сосема доволно. Сите предлози за сведоци од сите пратеници ќе бидат земени предвид. Никој нема да биде игнориран“, порача Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top