Македонија

Стопанската комора на Македонија со поддршка на транспортерите кои чекаат решение

Во време кога од сателит ние можеме да снимаме човек и да му го снимаме телефонот. Ние не можеме да ги откриеме прекршителите на Царините. Тоа е невозможно. Но имаме ситуација, којашто навистина се брукаме и сликите, коишто ги гледат од Запад доволно зборуваат за нас дека не можеме да се организираме, како што треба. Затоа мислам дека денеска е време во кое што електрониката може да заврши се и техниката и високата технологијата и треба се што е бариера да се отстрани и да му се даде простор на бизнисот и на луѓето да немаат ограничување. Затоа што луѓето реагираат на било какво ограничување, изјави Азески.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, порача дека бизнис секторот и Kомората ќе ја продолжат битката за транспортните компании за трајно решение за престојот на превозниците во Шенген-зоната. Азески истакна дека Комората со години активно учествува во дијалогот со европските институции, но, како што рече, досега нема доволно слух за предлозите што се доставени.

  • Формиравме клуб Европа со Европската унија. Во среда тоа ќе го промовираме во Виница. Како може да ни се случи во односите со Европската унија пет рестрективни мерки да бидат донесени во ист период. Значи ние преговараме за тоа, во исто време ни ги ограничуваат квотите за металите, ни ограничуваат определени дејности во делот на транзитирањето, во делот на одење во ЕУ, знаете и тука има проблеми во движењето, вели Азески.

Тој нагласи дека е неразбирливо земја која доброволно се стреми кон членство во Европската унија да се соочува со санкции и ограничувања.

  • Да не зборувам и за обврските што фирмите финансиски ги трпат уште сега, а не сме ни добиле статус кој што ќе гарантира влез во ЕУ, а мораме да плаќаме финансиски за тие работи. Така да можам да кажам дека ќе ја продолжиме битката, ние сме вклучени на вакви тешки битки да издржуваме, исто така во низа области. Меѓутоа мислам дека е некоректен односот да вака со едно соопштение, со една реченица се одбиват сите предлози. Затоа што јас сум внатре во процесот и сум информиран дека имаше педесетина предлози, коишто можеа да ја решат ситуацијата и можеа да ги отворат перспективите за тоа. Ако некој го органичува движењето на луѓето и на стоките, тогаш го прави најголемиот злочин, којшто може да постои, да те затвори самиот во себе, каде што не можеш да просперираш и да видиш, да се споредеш со другите, подвлече Азески.

Тој истакна дека денеска треба да ги отвориме сите порти, а како што вели редиците камиони на граничните премини ги има само на Балканот и тоа во должина по три-четири километри.

  • Во време кога од сателит ние можеме да снимаме човек и да му го снимаме телефонот. Ние не можеме да ги откриеме прекршителите на Царините. Тоа е невозможно. Но имаме ситуација, којашто навистина се брукаме и сликите, коишто ги гледат од Запад доволно зборуваат за нас дека не можеме да се организираме, како што треба. Затоа мислам дека денеска е време во кое што електрониката може да заврши се и техниката и високата технологијата и треба се што е бариера да се отстрани и да му се даде простор на бизнисот и на луѓето да немаат ограничување. Затоа што луѓето реагираат на било какво ограничување, изјави Азески.

Во координација со Европската комисија се работи на трајно решение за престојот на превозниците во Шенген-зоната, информираат денеска од Министерството за транспорт.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top