Македонија

Стрико на поранашен министер од ДУИ сака да биде претседател на Советот на јавни обвинители, објави Плус Инфо

Главен поддржувач му е државниот обвинител Љупчо Коцевски

Кадрите блиски до СДСМ и до ДУИ кои се дел од Советот на јавните обвинители (СЈО) идниот вторник започнуваат постапка за избор на нов претседател на СЈО, со цел да го задржат влијанието во јавното обвинителство, објави порталот „Плус Инфо“.

За обвинителите кои се блиски до ДУИ оваа позиција е многу посакувана, а сѐ со цел да се опструира процесуирањето на отворените постапки за дел од кадрите на ДУИ, како што се предметите за Артан Груби и за Перпарим Бајрами, но и за модуларната болница, случај во кој првостепено е осуден екс директорот Флорин Бесими, внук на обвинителот Башким Бесими и брат на поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими.

За кадрите во ЈО кои се блиски до СДСМ контролата на оваа институција е битна заради предметот за додатоците на обвинителите од поранешното Специјалното јавно обвинитлество, меѓу кои лично засегнати се обвинителите Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Главен координатор на оваа операција е државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој во изборот на Башким Бесими за нов претседател на Советот на јавни обвинители гледа шанса за негово понатамошно влијание и во периодот после неговото разрешување од позицијата главен државен обвинител. Согласно обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во врска со скандалот со прислушкувањето од страна на АНБ, Коцевски бил битна карика во синџирот на СДСМ, во врска со следењето на тогашниот прв опозиционер Христијан Мицкоски, како и одредени новинари и бизнисмени.

„Плус Инфо“ од извори во Советот на јавни обвинители дознаваме дека на последниот колегиум, Ермон Незири, член на Советот и близок пријател на Гаврил Бубевски, го предложил Башким Бесими, стрико на бившиот министер за финансии од редовите на ДУИ, за иден претседател на Советот за јавните обвинители.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски активно лобирал кај членовите на Советот да гласаат Бесими да биде избран за прв човек на оваа институција, а најголеми напори вложува да ја добие поддршката на актуелната претседателка на СЈО, Душица Димитриевска, на која овој месец ѝ истекува мандатот на таа позиција.

Ваквата агилност на обвинителите блиски до СДСМ и ДУИ во изборот на претседател на Советот на јавниобвинители, има за цел да се минимизираат најавените реформи во судството, како и да се саботира одговорноста пред законот на одредени функционери од поранешната власт за кои постојат оформени предмети.

Башким Бесими е роден во 1966 година во Тетово, а дипломирал на Правниот факултет во Приштина во 1991 година.

Прочитај и ова:

Шема на влијание во правосудниот систем: Зошто случајот на Наќе Георгиев и Иџет Мемети е критично важен за разбирање на манипулациите со правдата?

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top