Македонија

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција.

На Велики четврток, за време на вечерната богослужба, храмовите покрај со големиот број верници се исполнуваат со шарени кошнички со вапсани јајца и парчиња облека. Убаво спакувани, секоја со свој препознатлив детал, ја надополнуваат и онака величествената атмосфера во црквите. Таму остануваат до Велики петок или Велика сабота, кога верниците ги земаат повторно дома. Се верува дека носат здравје, спасение и исцелување.

Зачуваноста на овој обичај токму во охридско-струшкиот регион, според отец Ристе Наумоски, парохиски свештеник во Враништа, може да се објасни преку континуитетот на силниот црковен и духовен живот поврзан со наследството на Охридската архиепископија. Како значаен духовен центар, овој простор низ вековите овозможил пренесување и зачувување на различни облици на народна побожност, кои во други делови постепено се изгубиле или се трансформирале.

– Оттука, овој обичај треба да се разбере како дел од живото предание на народот, каде што се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот и локалниот културен идентитет. Иако не претставува формално пропишан елемент од богослужбениот поредок на Православната црква, тој има значајна улога во духовниот живот на верниците, сведочејќи за нивната желба за непосредно учество во тајната на Христовото воскресение, појаснува отец Наумоски.

Теолошката симболика, појасни, се продлабочува преку неговата временска поставеност. Оставањето на јајцата во храмот на Велики четврток – денот на Тајната вечера и нивното преземање на Велики петок – денот на Христовото страдање и распнување, создава симболична врска меѓу домашниот живот на верниците и централните настани од Христовата жртва.

– На тој начин, јајцата не се само обреден предмет, туку стануваат носители на духовно значење, „присутни“ во богослужбениот тек на најсветите денови од Страсната седмица, вели отец Ристе.

Традицијата, според свештениците, се темели на верувањето дека се што ќе се допре до крстот, на кој бил распнат Исус Христос е осветено. Така и јајцата што стојат на богослужбите се осветени, а нивните лушпи се фрлаат во езерските или речните води или се закопуваат во чиста почва. Се носат вечерта на Велики четврток, кога се изнесува крстот, симболизирајќи го моментот на Христовото страдање.

Традицијата со Велигденските јајца почнува од Велики четврток со вапсувањето на првото црвено јајце в зори.

– На Велики четврток пред изгрејсонце се вапсуваат првите велигденски јајца. Првото е за Господ, второто за куќата, третото за стоката и имотот и по едно за секој член од семејството. Пред изгрејсонце, така бојадисани, домаќинката ги става надвор во сито кое е покриено со црвена шамија да го фатат првите сончеви зраци, а потоа со првото јајце ги помазува децата од семејството  три пати по лицето, изговарајќи: „Црвено, бело, дебело. Живо, здраво и весело!”, сподели Љупчо Милошески од Струшко.

Потоа, додава, во кошничка се ставаат вапсани јајца и по едно парче облека за секој член од семејството и се носат в црква да преноќат, а се земаат утредента, на Велики петок.

И денес, низ мирисот на темјан и тивките молитви, кошничките со јајца во храмовите сведочат за вековната традиција што се пренесува од поколение на поколение. Тие се симбол на надежта, животот и непрекинатата врска меѓу верата и традицијата.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

Повеќе од 16.000 граѓани ја напуштиле држават апреку „Богородица“ и „Табановце“

Продолжениот викенд по повод празникот Велигден го зголеми метежот на граничните премини во земјава, а најголем метеж е забележан на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале повеќе од 16 илјади патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

To top