Македонија

Судење за експретседателката на ДКСК: Обвинителството изведува докази, одбраната тврди нема оддавање службена тајна

Следното рочиште закажано за утре

Безбедносниот сертификат на екс првата антикорупционерка, Татјана Димитровска, за кој е обвинета дека го добила со компјутерски фалсификат, обвинителството го прикажа во судница. Сите предмети кои се воделе во Антикорупциска, за поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ додека Димитровска беше прв човек на Комисијата, обвинителите ги презентираа пред судот, а се однесуваат за судир на интереси и имотна состојба. На следното рочиште ќе бидат презентирани преписките, околу 250 илјади електронски записи и пораки помеѓу Димитровска и Стојановиќ со кои обвинителството ќе ја докажува вината за одавање службена тајна.

„..Содржат службени белешки за поведување предмети и распределба во ДКСК, како и донесени одлуки против правните лица „ХЕМ Алијанс” Неготино, „Бар коде” Скопје и физичките лица Данчо Стојановски, Маја Јорданова, Небојша Стојановиќ.. постапки по однос на набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино како и проверка на имот на лицето Небојша Стојановиќ..“ – рече при презентација на доказите Фатон Азизи – обвинител во ОЈО ГОКК.

Одбраната пак тврди дека сите докази на обвинителството за Димитровска биле претходно јавно објавени на седница, а пораките со Стојановиќ не ги спорат, но со нив не била откриена службена тајна.

„Неспорно е дека постоела комуникација и тоа ние не го спориме. Дејствијата на Татјана Димитровска не е содржано кривично дело, ниту за оддавање службена тајна, ниту за комјутерски фалсификат. Тоа се 4 линка од седниците на ДКСК, да ја видите целата анализа на сите овие докази кои денеска ни се презентирани “ Владимир Туфегџиќ – адвокат на Димитровска

Екс претседателка претходно категорично ги отфрли обвинувањата за одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. За лажниот сертификат се товари и ревизорот Миле Столевски бидејќи според обвинението, тој во нејзино име го полагал тестот .. Билјана Петровска-Мантева од ТЕЦ „Неготино“, исто така се товари за одавање тајни.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

Најнови вести

To top