Македонија

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Искра Хаџи Василева е новата Јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција, откако денеска победи на непоредните избори со тајно гласање на сите обвинители во Македонија. Оваа доверба се смета за нешто свето во Обвинителството, затоа што е единствената која ја даваат колегите, а не партијата, како што е изборот на Државниот обвинител кого го изгласа владејачкото мнозинство. По Вилма Русковска, Хаџи Василева е втората жена на чело на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ЈО ГОКК), иако во ова Обвинителство над 90 отсто од обвинителите се жени.

Хаџи Василева добила најголема поддршка од обвинителите во трката за раководната функција во обвинителството надлежно за предметите од областа на организираниот криминал и корупцијата. Официјалното соопштување на резултатите се очекува на јавната седница. Таа беше една од петтемина кандидати за функцијата. Покрај Хаџи Василева, во трката учествуваа и Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Јован Цветановски и Лидија Раичевиќ.

Право на глас имаа 187 обвинители. По завршувањето на гласањето, резултатите треба да бидат сумирани и официјално соопштени на јавна седница.

Досегашниот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во 2022 година, не се кандидираше за нов мандат. Мандатот на Обвинителот за гонење организиран криминал Ислам Абази завршува на 15 ноември. Тој беше избран во 2022 и наспроти сомневањата поради негови блиски познанства со  тогашната владејачка партија ДУИ, си заминува од ова Обвинителство со пофални зборови и задоволство од колегите со кои контактиравме, кои велат дека тој никогаш не си дозволил да се замеша во нивните предмети, во независноста на обвинителите.

Кандидатите претходно, на 13 октомври, ги претставија своите програми и приоритети за работата на обвинителството. Меѓу клучните прашања беа зајакнувањето на финансиските истраги, поефикасното справување со корупцијата и зачувувањето на самостојноста и независноста на јавното обвинителство.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

To top