Македонија

Таравари се пожали: Во институциите се вработени само 5% Албанци…

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, и до неодамна дел ВРЕДИ , Арбен Таравари за косовската „Канал 10“ изјави дека во институциите во Македонија се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци. „Ова е скандалозно и ако останевме во ВРЕДИ и во Владата, како […]

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, и до неодамна дел ВРЕДИ , Арбен Таравари за косовската „Канал 10“ изјави дека во институциите во Македонија се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци.

„Ова е скандалозно и ако останевме во ВРЕДИ и во Владата, како ќе ги поминеме локалните избори кои се на 12 или 19 октомври и како ќе им кажеме на граѓаните да гласаат за нас?!“, прашал Таравари.

Тој додаде и дека единствената грешка што ја направиле како ВРЕДИ било што со ВМРО-ДПМНЕ брзо станале владина коалиција и со единствен услов европскиот пат.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Имаме мирна и фер изборна атмосфера

Денес е ден на демократијата, денес македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки на едни мирни, фер и демократски избори да си ги изберат своите градоначалници и советнички листи кои во иднина ќе треба да ги менаџираат единиците на локалните самоуправа, изјави утринава министерот за внатарешни работи Панче Тошковски откако го оствари своето право на глас.

To top