Македонија

Темелко од „Преспа“ и Симонофски од „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ ги израдуваа со новогодишни пакетчиња Македончињата во општина Пустец

Македонските активисти Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“, и Елена Симонофски, претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, продолжуваат со распределба на новогодишни пакетчиња за Македончињата во Албанија, со цел, како што велат „да внесат радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците“. Денеска, на 27 декември 2025 година, тие им донесоа радост и насмевка на дечињата-Македончиња од селата Туминец и Горна Горица, од Општина Пустец.

„Денеска ги посетивме Туминец и Горна Горица, каде што со многу љубов им поделивме пакетчиња на децата и календари со знакот на ВМРО-ДПМНЕ Албанија. Насмеани лица, топли прегратки и извикување ‘Среќна нова Година!’“ – тоа е нашата сила. Преспа заслужува повеќе и токму со љубов, посветеност и конкретни дела, ќе продолжиме да го градиме тоа повеќе.“ – порача Темелко преку фејсбук. 


Македонските активисти вчера престојуваа во областа Голо Брдо, каде што, исто така, и на децата од неколку села им подарија новогодишни пакетчиња. „На радоста на децата ѝ немаше крај. Нивната насмевка за нас беше најголемиот поттик да продолжиме со вакви и слични активности, со кои Македонците во оваа област ќе почувствуваат дека не се заборавени.“ – изјави Едмонд Темелко за Македонската информативна агенција – МИА по посетата на Голо Брдо.

Тој најави дека продолжуваат со ова активност, а вечерва, на 27 декември, во организација на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ во Корча за првпат се организира македонска вечер.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top