Македонија

Темелно се чисти коритото на Вардар во Скопје

Ова нема да биде еднократна активност, туку трајна практика, најави градоначалникот Ѓорѓиевски

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави почеток на темелно чистење на коритото на реката Вардар во Скопје.

🏞️ Темелно се чисти коритото на Вардар – бисерот на Скопје!

✔️ Во тек е широка и координирана акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар, симболот на нашето убаво Скопје.
🫵 Ова е чекор кој со години наназад недостасуваше за нашето најпрепознатливо природно обележје, на кое сите сме исклучително горди.
📍Акцијата опфаќа целосно расчистување на коритото, долж течението на Вардар на територија на град Скопје.
👷 Екипите на јавните претпријатија работат координирано, при што паралелно се расчистуваат пешачките и велосипедските патеки долж кејот.
Сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно заминува во минатото.
✅ Ова нема да биде еднократна активност, туку трајна практика која ја започнавме од моето стапување на функцијата градоначалник.
Кејот се одржува и чисти секојдневно, затоа што скопјани, но и сите гости на нашиот град, заслужуваат убава, уредена и чиста метропола.
📣 Упатувам апел до сите граѓани одговорно да се однесуваме кон нашата животна средина.
Реките, парковите и јавните простори се заеднички дом на сите нас и нивната чистота и убавина зависат од секој поединец.
♥️ Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува на градот што го обединува“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top