Македонија Хроника

Тетово: Изрешетале куќа со 30 куршуми и побегнале

Непознати лица вооружени со автоматска пушка испукале рафали кон семејна куќа сопственост на М.Т. во Тетово. Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале сопственикот и членовите на неговото семејство, но за среќа никој не е повреден. На терен се пронајдени околу 30 чаури, а на објектот се забележани значителни оштетувања. Случајот е пријавен во […]

Непознати лица вооружени со автоматска пушка испукале рафали кон семејна куќа сопственост на М.Т. во Тетово.

Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале сопственикот и членовите на неговото семејство, но за среќа никој не е повреден. На терен се пронајдени околу 30 чаури, а на објектот се забележани значителни оштетувања. Случајот е пријавен во СВР Тетово, известен е јавен обвинител и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите.

Напаѓачите, кои пристигнале на скутер, веднаш побегнале од местото.

„Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања. Известен е јавен обвинител и се прземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид на лице место врши екипа при СВР Тетово“, велат од МВР за „Скопје1“.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top