Македонија

Тошковски: Никогаш не сум разговарал со странски дипломат за прифаќање мигранти! Ова е Македонија, а не Албанија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави за ТВ Канал 5 дека секоја година се намалува бројот на мигранти што поминуваат низ Македонија за пет, седум, осум проценти, како и дека годинава од страна на Министерството за внатрешни работи не е одобрено ниту едно барање за азил.

„Опозицијата се повикува на британските медиуми, може да се повикува на кого сака, но сите релевантни чинители во државава (премиерот, министерот за надворешни работи, претседателката, јас кога бев во Брисел) негиравме дека не е вистина, тоа што го тврдат. Најодговорно тврдам дека во рамки на мојот мандат со ниту еден странски дипломат не сум разговарал на тема за какво било прифаќање мигранти од страна на која било држава, никогаш ниту ми било поставено како прашање, ниту како барање, ниту сум го имал како разговор со кој било од нив. Стопати повторената лага на СДСМ за мигрантските кампови не може да стане вистина.“ – нагласи Панче Тошковски, коментирајќи ги тврдењата на СДСМ за мигрантски кампови.

„Мигрантите минуваат низ Македонија 10-15 години, а сега имаме и ново утврдување кризна состојба во врска со мигрантите, поради фактичката состојба во државата. На граѓаните мора да им објасниме дека Македонија е клучен чинител во овие процеси, поврзани со илегалната миграција, затоа што е на патот на нелегална миграција. Ние сме транзитна земја и поради тоа сме многу важни.“ – рече Тошковски.

Во коментар на тврдењата за можноста за враќање на мигрантите во трети земји не само во земјата на потекло и споменувањето на Западен Балкан во тој контекст и договорот меѓу Италија и Албанија, Тошковски нагласи дека „македонската опозиција почна да не прави разлика помеѓу Македонија и Албанија“. „Ова е Македонија, а не Албанија.“ – напомна тој.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top