Македонија

Три банки денеска исплаќаат августовски пензии

Денес исплата вршат Стопанска банка Скопје, Халк банка и Алта банка Битола

 

Од Стопанска банка информираат дека средствата ќе бидат достапни на сметките во текот на денот.

Пензионерите – клиенти на Банката ќе можат готовина да повлекуваат од банкоматите или  да вршат плаќања во трговската мрежа, јавува порталот „Пари“.

​Пензиите за август се веќе достапни, велат од Халк банка: „Од денес, вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство“. Клиентите што дале согласност, парите можат да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Македонија, пренесоа медиуми 

И од Алта банка АД Битола упатија соопштение до пензионерите дека денес средствата ќе бидат исплатени на нивните трансакциски сметки. И веднаш ќе бидат достапни за користење преку банкоматите, како и во експозитурите на Банката.

Најчитани вести

Генералниот директор со 20 илјади евра плата не доаѓал на работа долго време

Револт во Телеком: Директорот со 20 илјади евра плата цел месец не дошол на работа

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top