Македонија

Трипуновски: Еве колку беа задоволни земјоделците во време на СДСМ (ВИДЕО)

Му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“ пишува Трипуновски во објавата на Фејсбук.

По изјавите на Венко Филипче за состојбата во земјоделството, министерот Цветан Трипуновски објави видео од масовниот протест на земјоделците од октомври 2019 година, кога СДСМ беше на власт, со пропратен текст:

„Венко Филипче денес зборува дека земјоделието е во лоша состојба, но токму во периодот кога тој беше дел од владата на СДС земјоделците излегуваа на протести поради катастрофалните политики на власта.
Каква забеганост. Човекот тоне во сопствената немоќ, партијата му се распаѓа, рејтингот му е еднаков на статистичка грешка, а тој упорно зборува за тема за која повеќе од очигледно не ја разбира.
На толку криминални тендери, на толку украдени пари, Венко Филипче денеска лажно глуми загриженост за земјоделците, како наводно состојбата била лоша.
Седум години СДС не мрдна со прст за земјоделците. Ги игнорираа и понижуваа земјоделците и затоа денеска се таму каде што се, со едвај 15 пратеници во Парламентот.
Мој совет по втор пат до Венко Филипче е тој што му го води пи-арот веднаш да го откаже, зошто се повеќе сум сигурен дека некој од внатре го мести. Понекогаш молчењето е подобра стратегија, особено кога фактите не се на негова страна.
Нека се држи до турбо фолкот и нека го следи и пее Харис Џиновиќ.
Во продолжение му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“ пишува Трипуновски во објавата на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

To top