Македонија

Уапсена Турчинка во Штип, нападнала полицајка за време на судски процес

Мајка на еден од обвинетите

Инцидент во штипскиот Основен суд. Нападната е полицајка во моментот кога од судската сала се изнесувале осомничените за убиството на 25-годишниот Енес Оздемири од Турција. Вистинската драма се случила во ходникот, токму кога никој не очекувал – додека петмината осомничени, под силно полициско обезбедување, биле изнесувани од судската сала.

Мајката на еден од осомничените, 52-годишна турска државјанка која го следела процесот, го изгубила трпението и се нафрлила врз полициската службеничка, влечејќи ја за косата. Инцидентот ги вознемирил сите присутни, бидејќи ретко се случува полициски службеник да биде нападнат пред судското обезбедување, и тоа во момент на изнесување обвинети за тешко кривично дело.

„Дрско, планирано убиство со умисла“ – почна судењето за убиството на турскиот државјанин во Штип

Полицијата веднаш реагирала, а 52-годишната турска државјанка е приведена. Од МВР го потврдија случајот.

„Вчера, во 12:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишија од слобода 52-годишната А.К. од Турција, која во моментот престојува во Штип, поради тоа што физички нападнала полициска службеничка која била работно ангажирана за физичко обезбедување за време на судскиот процес кој се одвивал во Апелациониот суд – Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Инаку, 52-годишната турска државјанка уште пред почетокот на рочиштето пред зградата на Основниот суд започнала вербална расправија со еден од полицајците. Вчерашното судење на петмината турски државјани, обвинети за убиството на 25-годишниот поранешен студент од Турција, помина под силно полициско обезбедување, а присуствуваа и семејствата на обвинетите.

Судењето продолжува на 19 декември.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top