Македонија

Успешно реализиран уште еден проект, објави премиерот (ВИДЕО)

Реконстрана коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастирот Пеленица

 

 

Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица, објави денеска пртседателот на Владата, Христијан Мицкоски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

„Со завршувањето на зафатот е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците. Инвестицијата од 29.320.330 денари придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население“ напиша премиерот на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top