Македонија

Уставен суд одбележува 62 години постоење

Институцијата првпат започна со работа на 15 февруари 1964 година, поставувајќи ги темелите на уставно-судската заштита во државата

По повод одбележувањето на 62 години од започнувањето со работа, Уставниот суд ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски.

Институцијата првпат започна со работа на 15 февруари 1964 година, поставувајќи ги темелите на уставно-судската заштита во државата.

Од Судот информираат дека средбите ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот и ќе бидат отворени за сите заинтересирани граѓани. Целта е работата на Уставниот суд да се доближи до јавноста, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и слободи, како и да се објасни постапката за правилно поднесување иницијативи и поднесоци до Судот.

Според најавите, граѓаните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со надлежностите на Уставниот суд, со постапките што ги спроведува, како и со значењето на неговите одлуки во системот на заштита на правата и слободите.

Заинтересираните можат да се пријават по електронски пат на адресата gragani@ustavensud.mk, а дополнителни информации се достапни и на телефонскиот број +389 2 322 3626.

Од Уставниот суд потенцираат дека иницијативата претставува можност за директен контакт со претседателот на институцијата и чекор кон поголема транспарентност и доверба во уставно-судската заштита. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top