Македонија

Уставниот суд во среда ќе одлучи за „Сејф сити“ (ВИДЕО)

Како што рече, иницијативите се од Арбен Таравари, од Зијадин Села а исто така поднесена е иницијатива од студент на правниот факултет

Три иницијативи се доставено до Уставниот суд на Република Македонија за оценување на уставноста на Законот со кој се овозможува воведување на системот „Безбеден град’, изјави вчера во гостување на ТВ Телма уставната судијка Ана Павловска Данева.

Како што рече, иницијативите се од Арбен Таравари, од Зијадин Села а исто така поднесена е иницијатива од студент на правниот факултет,

„Сите три иницијативи се споени во еден предмет“ рече Павловска Данева и додаде дека тој е ставен како точка на дневен ред на Уставниот суд оваа среда.

Таа додаде дека расправата и донесувањето на одлуката во Уставниот суд ќе биде отворена, односно граѓаните „во живо’ ќе можат да ја следат седницата што е овозможено со поставените камери и минатонеделната одлука седниците на Судот да бидат отворени за јавноста.

На ВИДЕОТО по 17 минута

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top