Македонија

Вака ќе изгледа булеварот „Македонија“ за 90 дена (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од булеварот „Македонија“ чија изградба почна вчера и се очекува првата фаза да биде реализирана во рок од 90 дена.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од булеварот „Македонија“ чија изградба почна вчера и се очекува првата фаза да биде реализирана во рок од 90 дена.

„Градот Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја“, пишува Ѓорѓиевски.

Градоначалникот најави дека ваа недела треба да биде распишана и тендерската постапка за втората фаза, а дека очекува целата сообраќајница, којашто е околу два километра, да биде завршена до крајот на неговиот мандат.

– Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза која ќе подрзабира два нови кружни текови и влез во подземната сообраќајница. За да не го губиме времето, ќе ја почнеме тендерската постапка наредните 10 дена и верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза. Оваа фаза опфаќа проширување на дел од сообраќајниците тука и уредување на целиот простор. Опфаќа нова атмосферска канализација и 60 нови шахти, што значи дека и атмосферските води ги средуваме во овој дел од нашиот главен град. Опфаќа на улицата Пролет, приклучување и нов крак кон улицата Борис Трајковски и уште едно проширување и нов крак на улицата 11 Октомври – изјави вчера Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top