Македонија

Ванчо Михајлов „се појави“ на протест пред македонската амбасада во Софија

Соработникот на фашистичкиот окупатор во Македонија во Втората светска војна, Ванчо Михајлов, се појави (на знаме) на протестот пред македонската амбасада во Софија, организиран од подмладокот на вонпарламентарната бугарска партија ВМРО-БНД. Знаме со ликот на Михајлов, чие име го носеше клубот на Бугарите во Битола подоцна избришан од македонските власти, вееше еден од „јуношите“ на […]

Соработникот на фашистичкиот окупатор во Македонија во Втората светска војна, Ванчо Михајлов, се појави (на знаме) на протестот пред македонската амбасада во Софија, организиран од подмладокот на вонпарламентарната бугарска партија ВМРО-БНД.

Знаме со ликот на Михајлов, чие име го носеше клубот на Бугарите во Битола подоцна избришан од македонските власти, вееше еден од „јуношите“ на партијата на бившиот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на протестот против условната казна затвор од една година за претседателот на клубот Љупчо Георгиевски.

Казната ќе се активира ако Георгиевски во следните две години пак го велича Михајлов, како во објавата на Фејсбук со преземен цитат од човекот роден во Македонија, а не признаваше Македонци, порачуваше „Македонија без Бугари оган да ја гори“ и нарачуваше убиства на македонски и на бугарски дејци како лидер на ВМРО.

Демонстрантите ја нарекоа „исклучиво политичка“ одлуката на Основниот суд во Битола и побараа „адекватен одговор“ од бугарската држава против соседот и кандидат за членство во Европската унија.

„Има европски институции, копенхашки критериуми“, го цитира Нова демонстрантот Калојан Христов.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top