Македонија

Вандализам во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип: цртани нацистички свастики, демолирани тоалети, оштетени кабинети по предметна настава!

„На 30.4.2026 година, во 6:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата, која два часа вршеше увид во објектот.

Голема штета од вандализам е предизвикана вчера во најголемото штипско основно училиште „Ванчо Прке“ со повеќе од 1.100 ученици од прво до деветто одделение, што ќе предизвика одреден преки во наставата. Според првичните информации хулиганот, или хулиганите, влегле насилно во објектот, а претходно со спреј ги неутрализирале безбедносните камери.
Ѕидовите на ходниците и на училниците се испишани со непристојни содржини, меѓу кои и со навистички свастики! Искршен е и дел од училишниот инвентар.

Оштетени се повеќе кабинети, при што се уништени врати, ѕидови, училишен инвентар и смарт табли, а дел од просториите биле испишани со спреј. Сторителите се обиделе да ги оневозможат камерите, но системот продолжил да снима. На снимките е забележано едно лице.

Директорот Кокан Радев во изјава за медиумите рече дека вандалот влегол во училиштето преку фискултурната сала. Тој додаде дека најмногу се оштетени кабнетите од предметната настава. Радев очекува брзо да ја поправат штетата по вандализмот во училиштето


Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top