Македонија

Васил Јованов доби 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина

Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години. […]

Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.

„Обвинетиот Васил Јованов е виновен. Судот обвинетиот го осудува на казна затвор во траење од 12 години. Му се изрекува и забрана за управување со моторно возило“, рече судијката Снежана Марковска.

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата.

„Судот е мафија!“, рече тој и излезе од салата.

Судијката кажа кои се отежителните околности.

„Ја имавме в предвид тежината на делото, отежнивачките и олеснителните околности. Ги ценевме поранешниот живот на сторителот, и другите околности на личноста на сторителот. Судот го ценеше интензитетот на дејствието и другите објективни околности – а се состои од многу прекршувања на бланкетни норми од Законот за заштита на патиштата, кои се фиксирани задолженија и забрани, кои возачот морал да ги почитува, а упатуваат на висок интензитет на инкриминрано дејствие. Настанатата смртна последица според законот не може да се цени за отежителна околност, но судот ја цени загубата на млада девојка, која ја чувствува семејството со висок интензитет, кое побара највисока казна. Судот како отежителна околност го ценеше и неговиот поранешен живот – обвинетиот е претходно правосилно осуден за кривично дело неовластено производство на психотропни дроги, на казна затвор од 3 години и 10 месеци. Се уште ја нема издржано и не се знае како би влијаела. Тој наместо да се одврати со било какви судири со законот, додека чекал правосилност на таа постапка, тој управувал возило без возачка, под дејство на алкохол, развил брзина на движење во населено место, па на запалено црвено светло, продолжи со движење и удрил пешак кој се движел прописно на зелено светло и кој со ниту едно дејствие не придонел за сообраќајната несреќа. Против обвинетиот Јованов има неколку прекршочни предмети – забрана за управување на возило под дејство на алкохол, непочитување на безбедноста во сообраќајот, возење на црвено светло. Односот на лицето е игнорантски, дрзок…“, рече меѓудругото судијката Марковска.

Судот ги ценеше и олеснителните околности, рече судијката.

„Ги ценеше доказите од одбраната – благодарниците, дипломите. Тој е спортист кој добивал признанија. Тоа се за личните прилики, за неговите склоности. Судот ја ценеше и возраста на обвинетиот, делото го сторил на 20 години, тој спаѓа во категорија постари малолетници. Кај обвинетиот постои чувството на вина, истиот е свесен за последиците по губитокот на животот на жртвата. И кај него и кај потесното семејство. Презема одговорност за делото кое го сторил, изразил сочувство, се извини за тоа што го сторил. А откако ги согледал последиците од сосптвените дејствија – прикажува жал и себе прекорување, што се гледа и од видео записот од лице место. Овие околности кои го изразуваат неговиот однос, неговото признание на вина, судот исто така ги ценеше како олеснителни околности“, посочи Марковска.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Најнови вести од: Македонија

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук.
Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво

Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!

Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва  констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото,  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.

To top