Македонија

Велес во знакот на деветтата уметност: 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Организацискиот тим ги поканува сите љубители на уметноста, граѓани и медиуми да ги следат активностите на колонијата и да го поддржат творештвото на овие извонредни автори кои го позиционираат Велес на светската стрип мапа

Стрип центарот на Македонија – Велес официјално ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во периодот од 20 до 23 август 2026 година. Годинава, оваа престижна манифестација носи еден сосема уникатен концепт на поврзување — учесничките ќе бидат исклучиво авторки од женскиот пол, кои доаѓаат од пет држави со што се создава моќна балканска женска уметничка соработка.

По соборувањето на досегашните рекорди на меѓународниот конкурс „Златен стрип“ – каде што пристигнаа дури 497 пријави од автори од целиот свет – Стрип центарот ги претставува уметниците кои ќе творат во рамките на годинешната колонија:

· Силвиа Борбељ – Романија

· Андрада Ваеш – Романија

· Ирис Голгочиу – Романија

· Ана Цочева – Бугарија

· Велислава Стојанова Георгиева – Бугарија

· Драгана Купрешанин – Србија

· Маја Перак – Хрватска

· Меланија Стојанова – Македонија

· Сибел Исмаилова – Македонија

· Елена Апостоловска – Македонија

· Ања Стојадиновска – Македонија

· Славица Купенкова – Македонија

· Ана Ивева – Македонија

· Стефанија Атанасова – Македонија

Оваа традиционална манифестација, која се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Велес, уште еднаш го потврдува градот како регионална престолнина на стрипот.

„Како организација, слободно можеме да кажеме дека имаме полн ‘тефтер на контакти’, односно соработката на меѓународно ниво со организации и автори, како и на национално ниво со училишта, студија, асоцијации и автори, континуирано се шири!

Ваквиот тип на интернационална размена на искуства, каде автори од различни меридијани работат заедно рамо до рамо под менторство на проф,Владимир Весовиќ од Белград/Србија ,има непроценливо влијание врз нивниот личен уметнички развој и директно ја отвора македонската сцена кон светот“, потенцираат од Стрип центарот на Македонија – Велес.

Во пресрет на настанот, Томе Трајков од организацискиот тим ја нагласува долгорочната стратегија за развој на културниот туризам преку деветтата уметност во Велес.

„Наша заложба и голема амбиција е уште поголема валоризација на она што Велес веќе го поседува како трајно културно богатство. Посетителите на нашиот град, освен директните стрип контакти со авторите за време на Салонот, во текот на целата година можат да ги видат специфичните стрип мурали нацртани на велешките улици, како и да се запознаат со нашата богата стрип библиотека која брои околу 10.000 наслови, од кои некои се исклучително ретки во глобални рамки. Да не заборавиме дека овој настан ќе се организира во староградскиот амбиент на Спомен куќата на Касапови, Ова е само мал придонес во валоризација на културата во креативната индустрија“, завршува Трајков.

Организацискиот тим ги поканува сите љубители на уметноста, граѓани и медиуми да ги следат активностите на колонијата и да го поддржат творештвото на овие извонредни автори кои го позиционираат Велес на светската стрип мапа

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

To top