Македонија

Вицепремиерот Арбен Фетаи, еден од лидерите на Вреди, се огласи со честитка за Новата 2026-та, посакувајќи година на нови успеси за сите граѓани

„Повеќе реформи, поголема одговорност и еднаквост, инвестиции во образованието, здравството и економскиот развој, за една Република, во која секој граѓанин живее со целосно достоинство. Вреди е обединета, силна и камен-темелник на нашата иднина! Среќна Нова Година! Нека 2026 година биде година на нови успеси за сите нас!“, нагласува Арбен Фетаи во својата новогодишна честитка.

Тој ги опиша случувањата во 2025 година како година на големи предизвици, но и на историски победи.

„Годината започна со предавство и изневерувања, нелојалност. Некои другари, кршејќи секој принцип, си заминаа, затоа што избраа да соработуваат со стариот режим на ДУИ за тесни лични интереси. ДУИ се обиде со своите добро познати методи „раздели па владеј“ да нè ослабне, но ние останавме непоколебливи. Нашиот јасен став против нелојалноста не беше емоција, туку политичка совест, заснована на вредности, интегритет и почитување на волјата на граѓаните.“, нагласува Фетаи.

Граѓаните ја ценеа оваа доследност, вели тој, додавајќи дека на локалните избори, Вреди триумфираше во речиси секоја општина иоти сега се тие доминантна сила меѓу Албанците како нивна сегашност и нивна иднина.

„Како дел од владата, постигнавме извонредни резултати: економски раст, зголемени плати и пензии, бројни грантови во секој сектор, масовни инвестиции во инфраструктура. Правосудниот систем почна да се ослободува од стариот режим.“ И како шлаг на тортата, во декември нацрт-законот за фер и соодветна застапеност успешно го помина тестот на Венецијанската комисија, што е историски чекор кон заокружување на главниот нормативен столб на Охридскиот договор“, рече Фетаи.

Тој вели дека е ова само почеток и додава оти во 2026 година, како што вели, „ќе го зголемат темпото“.


Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top