Македонија

(ВИДЕО) Да обвиниш за неофашизам треба силен доказ, ама и да погледнеш прво во својот двор

Милосављевиќ во континуитет повикува водството на СДСМ да престане да се конфронтира со медиуми и новинари

Уредникот и водител на емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, Драган Милосављевиќ реагираше на бројните клевети кон телвизиијата од страна на актуелното раководство на СДСМ. Меѓудругото ја коментираше и објавата на Фејсбук профилот на СДМ Свети Николе, во која се вели дека Алфа е неофашистичка телевизија, порачувајќи дека за таква квалификација треба силен доказ, но и истовремено досието на тој што обвинува да биде чисто.

Милосављевиќ во континуитет повикува водството на СДСМ да престане да се конфронтира со медиуми и новинари и да прифати дека постојат луѓе со различни погледи од оние на партијата кои не смеат поради тоа да бидат клеветени и навредувани.

Коментарот на Драган Милосваљевиќ погледнете го во видеото:

Најнови вести од: Македонија

Милановиќ: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен! – Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере!

Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска.

Кривична пријава за четворицата битолчани, кои му се закануваа на министерот Тошковски, ем и снимајќи ја таа нивна „забава“!

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

Сиљановска-Давкова: Нема место за двојни стандарди во евроинтегрирањето, кое не смее да биде оптоварено со историски, јазични и идентитетски прашања!

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ. Двајцата претседатели одржаа „лице-в-лице“ средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација, кои во средиштето на вниманието ги ставија традиционално пријателските заемни односи. Со тоа започна дводневната официјална посета на Сиљановска-Давкова на Хрватска. На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на европските интеграции.

Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт

Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку Министерството за транспорт

Најнови вести

To top