Македонија

ВИДЕО: Свирепо убиство на 79-годишна жена во Штип

Детали за грозоморното убиство

Вистински масакар се случи во куќата на 74-годишниот Денис Асанов, во Штип. Од љубомора и гнев ја убил својата партнерка во купатилото, а потоа телото го обезглавил, ги исекол нозете и трупот го закопал во дворот. Според обвинителството, мотивот за убиството на 79-годишната жена се љубовни недоразбирања и љубомора. Монструозното убиство што ја потресе македонската јавност сè уште не е познато кога точно се случило, но од обвинителството потврдуваат дека интензивно работат и се чекаат дополнителни анализи од предмети и траги од крв.

„Осомничениот 74-годишник при вршење семејно насилство лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет ѝ задал повеќе удари по главата, кршејќи ѝ го черепот. Потоа со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата“, информираат од ОЈО.

Неофицијално, деловите од телото што недостасуваат монструозниот убиец ги фрлил во контејнер. Вчера и денеска активно се пребарува и градската депонија, Трештена скала.

79-годишната жена со иницијали Б.Н. повремено преспивала кај Асанов. Сепак, тој сметал дека таа го изневерува. Во неговиот телефон биле откриени експлицитни фотографии од неа, но и од други жени, брифираат од обвинителството.

Вчера МВР информираше дека на 24 октомври, 84-годишна жена, во СВР-Штип, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра со иницијали Б.Н. По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ја држел во неговиот дом, на 10 овој месец бил извршен претрес во домот на Асанов. Биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. Веднаш му е изречена мерка притвор од 96 часа и е спроведен во кумановскиот затвор. По добиеното вештачење, повторно е извршен разговор со него, во кој тој детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството.

Бидејќи постои опасност од бегство, но и можност осомничениот да ги сокрие трагите, денеска јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Ова убиство потсетува многу на убиството во 2006 година што се случи во Штип. Тогаш жена која долги години била жртва на семејно насилство го уби сопругот. За да го сокрие злосторството, таа неговото тело го исекла на делови, а потоа ги фрлила во контејнери на различни локации во градот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top