Македонија

Владата ги испраќа имињата на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Официјално не се соопштени имињата на кандидатите, но според потврда на самите кандидати, се работи за моментната вршителка на должноста државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчeвски.

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и согласно со законските одредби ќе ги достави до Советот на јавни обвинители, информира денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.

Одговарајќи на новинарско прашање, Митева појасни дека Собранието на Република Македонија ја информирало Владата за завршување на огласот за Јавен обвинител. 
– Собранието ја информираше Владата за завршување на огласот за Јавен обвинител. Ги достави петте кандидати, кои ѝ се добро познати на јавноста. Владата донесе заклучок имињата на кандидатите да ги достави до Советот на јавни обвинители, кој има рок од 15 дена да ѝ одговори на Владата, односно да испрати мислење, рече Митева.

Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители, или судии од областа на кривичното право. Со 61 глас од пратениците во Собранието на Македонија ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител. Љупчо Коцевски поднесе оставка на таа позиција во декември 2025 година. 


Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top