Македонија

Владата го усвои предлог-законот за јавно обвинителство

Измени во постапката за избор на Јавен обвинител, со јасно дефинирани критериуми и механизми што обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап

Владата на денешната седница го усвои предлог-законот за јавно обвинителство, информираат од тамошната прес-служба. Ова е еден од клучните чекори во спроведување на реформската агенда од Областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеење на правото.

Со донесувањето на овој закон, се прави значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за заштита на јавниот интерес.

„Со новото законско решение се воведуваат измени во постапката за избор на Јавен обвинител, со јасно дефинирани критериуми и механизми што обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап при изборот на најквалитетните кандидати. Во законот се вградени релевантните препораки, со цел процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет“, велат од Владата.

Дополнително, законот предвидува прецизни и обврзувачки рокови за постапките за избор, унапредување и се поведува принцип на категоризација на дисциплинска одговорност на јавните обвинители, што придонесува за поголема правна сигурност, предвидливост и функционалност на системот, а воедно и поголема одгорност на самите јавните обвинители.

Како што информираат од Владата, на овој начин се зајакнува довербата на граѓаните во институциите и се воспоставува појасна одговорност во работењето на Обвинителството.

„Владата останува цврсто посветена на реформите во правосудството како приоритет од највисок јавен интерес и како неопходен предуслов за напредокот на државата на европскиот пат“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Усвојувањето на предлог-законот за јавно обвинителство е конкретен доказ за определбата да се градат независни и професионални институции, во служба на граѓаните и владеење на правото.

Законот е резултат на сеопфатен процес на анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики.

Најнови вести од: Македонија

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Стојкоски: На повеќе од 30 бензински пумпи имало прекин во точењето гориво, но продолжија, по дополна на резервоарите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денес информираше дека над 300 инспекциски контроли се извршени на бензинските пумпи во државата за да се провери дали се точело гориво под пазарни принципи по одлуката за зголемување на цените од полноќ.

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот и доволни количини

Премиерот за утре најави средба со дистрибутерите и ќе побара од нив да не го користат притисокот на цената на горивото за да се зголемат веднаш  цените на прехранбените производи и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошничка на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, но реалноста го демантира

СДСМ на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на партијата и политичкиот хаос во кој се наоѓаат

To top