Македонија

Владата лобира во ЕУ за македонските превозници да добијат подолг престој во Шенген зоната

Откри вицепремиерот Николоски

Професионалните возачи бараат подолг престој во рамките на Шенген зоната. Правилата на Европската унија, односно воведувањето на ЕЕС системот за влез и излез, за нив ќе значи помалку работа и профит. Од Асоцијацијата на превозници МакамТРАНС велат дека им било ветено дека нивното барање ќе се реши пред стартувањето на системот на 12-ти октомври. Макамтранс, но и останатите асоцијации на превозници од Западен Балкан се надеваат дека професионалните возачи ќе бидат исклучени од новите правила, според кои тие да останат таму максимум 90 дена во рок од 6 месеци.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е свесен за проблемот за кој алармираат превозниците. Во тек биле преговори и се надева дека ќе има позитивен одговор. Нагласи дека транспортот и складирањето се важни сектори за македонската економија, со раст од 6,1% во вториот квартал. Напомена дека Владата интензивно вложува и гради патишта и пруги за да им помогне на превозниците и да го забрза транспортот. Николоски нагласи дека следната година ќе почне рекоснтрукција на обиколницата околу главниот град, активно се градат делниците долж Коридорите 8 и 10, се пуштаат постепено одредени делови од автопатот Охрид – Кичево. Догодина планира да се гради мултимодуларен јазол во близина на Трубарево каде што се сечат двата коридори, односно т.н. суво пристаниште за побрз претовар и истовар на стоки.

Директорот на Царинската Управа се пофали со рекордна наплата на приходи. Тој рече дека напорно се работи на ИТ решенијата со кои застоите на границите се сведуваат на минимум, се зајакнува контролата, се модернизираат граничните премини, се зголемува безбедноста на стоките и се забрзува превозот. Тие активности придонеле до историски рекордна наплата на царини годинава.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top